Загина тракторист, друг се здоби со повреди

Во две одделни сообраќајни незгоди со трактор, загина еден тракторист од село Доброште, а во другата трактористот се превртел со возилото и се здобил со тешки повреди.
Вчера во 17.40 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А. Д. (59) од село Нераште, трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од А. Б. (50) од село Доброште, а било удрено и паркирано патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б. Е. (36) од село Доброште.
Како што информираат од МВР, во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и А. Д. (59) од село Нераште, сопатничка во возилото „Фолксваген Голф“, управувано од А. Д. . Со други возила тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде лекар констатирал смрт кај возачот на тракторот. Додека, кај сопатничката А. Д. биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Кај А. Д. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Вчера околу 18.05 часот на место викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, кумановско, на земјен пат, трактор „Универзал 445“, управуван од Б. П. (49) од село Тромеѓа се превртел и притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б. П., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово. По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.  За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.