Загинал сечејќи дрва во Лазарополе
Вчера околу 10.30 часот во шума, атар на село Лазарополе, општина Маврово-Ростуше, на место викано „Јама“, на оддел 87 со кој стопанисува Националниот парк „Маврово“, на К.Ц. (53) од Република Албанија, при сечење на буково стебло со моторна пила, една од гранките му паднала врз главата по што изгубил свест. Со службено возило од Националниот парк тој бил префрлен до Медицински центар Дебар, од каде поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил префрлен до Клинички центар Охрид.
Како што информира МВР, денеска околу 02.00 часот лицето починало во болницата во Охрид. Инаку, К.Ц. бил ангажиран од приватна фирма од Струга, која имала тендер за сеча, дотур и транспорт на огревно дрво. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.