ЕУ ѝ нуди на Хрватска 6.000 евра за мигрант, Загреб одбива

За секој мигрант спасен на море Европската комисија ќе и даде на државата што ќе одлучи да го прифати шест илјади евра. Хрватска ја одбила таквата понуда на Брисел, објави загрепски Вечерњи лист.

Весникот наведува дека освен парите ЕК нуди и други можности за државите кои на своја територија ќе дозволат формирање т.н. контролирани центри за прием и обработка на податоци на мигранти.

Владини извори потврдиле за весникот дека „Хрватска и понатаму останува на одлуката таквите центри дека не сака да дозволи да ги има на своја територија“.

Загребскиот весник нагласува дека со тие центри би управувале држави со поддршка на ЕУ и агенции на Унијата, а може да бидат привремени или формирани за одредена намена.