ЕП донесе конечна одлука: Се укинува летното и зимското пресметување на времето

Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот.

Изгласано е од 2021 годиан да се укине поместувањето на часовникот кое со децении се случуваше двапати годишно, во март и во октомври.

Земјите кои планираат засекогаш да останат на летното пресметување на времето би требало да ги поместат сказалките на часовниците за последен пат во март 2021 година, а оние кои ќе го изберат зимското пресметување на времето ќе ги прилагодат своите часовници за последен пат во октомври 2021 година, јавуваат европските медиуми.

Голем број држави членки ја воспоставија промената на времето двапати годишно за време на нафтената криза во седумдесеттите години, како обид за заштедување на енергија.

Од 1996 година, сите земји во ЕУ истовремено го менуваат своето време.

Предлогот сега ќе оди пред Европскиот парламент и парламентите на земјите членки на ЕУ.