Експлозија во Стокхолм, петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во голема експлозија во Стокхолм, соопшти шведската полиција.
Како што се наведува, барем двајца од повредените се пренесени во болница.
Според локалните извори, до експлозијата дошло во индустриската зона, а причинета е материјална штета на неколку згради.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната, но извори велат дека има значителна штета на автомобили, станови и бизниси.
Очевидец вели дека експлозијата го разбудила околу 1 часот, а неговиот дом се тресел. Областа е обезбедена од полицијата, а во моментот инцидентот не се третира како криминал.