Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во Скопје

Осумнаесетгодишен скопјанец загина, а две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила ноќеска 02:27 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ скопјанецот Д.К.(18) управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Момчето починало на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.