Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД
Осум организации денеска ќе добијат едногодишни грантови преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем за деловна поддршка.
Целта на грантовите е подобрување на постоечки и развивање на нови деловни услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Македонија.
Грантовите ќе бидат доделени на Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопански комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија.
Дел од услугите за поддршка на ММСП кои ќе се развиваат преку грантовите се обука и развој на работна сила во повеќе сектори, помош во пристапување до финансии, поддршка за поврзување со странски пазари, експерти за за оптимизација на производството, како и многу други.
Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП). Работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Проектот исто така работи со финансиски институции на зголемување на финансирањето достапно за ММСП.