Единаесет странски државјанки приведени и задржани во полициска станица


Во последната акција на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово.

Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.
Шест од нив на возраст од 21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и една од Република Грција и заедно со сопственикот нa објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар, затекнати се четири албански државјанки на возраст од 22 до 39 години кои, исто така, се приведени и задржани за натамошна постапка.