Еден параглајдерист загина, а друг е тешко повреден во несреќа кај Крушево

Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР.

Трагичниот настан се случил околу 12:40 часот кај Мечкин Камен.

Тешкоповреднеиот параглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп.

Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за трагичниот настан не се познати.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.