Европска комисија: Хрватската железница е најлоша во ЕУ

Хрватска е најлоша во Европската унија по ефикасност на железничките услуги, покажа најновото истражување на Европската комисија.
Во извештајот се оценува зачестеноста на железничките линии, точноста, брзината и цената, пренесе ХРТ.
„Највисоката оцена е 7. Просекот во ЕУ изнесува 4,33, а Хрватска е оценета со 2,66. Поради големите вложувања – квалитетот на патниот сообраќај е значително поголем, но не и безбедноста. Бројот на загинати на милион жители на патиштата во ЕУ е 49, а во Хрватска дури 80“, наведува ХРТ.