Европа

ЛЕЈЛА САБИТ

За некого блиску, за некого далеку.

Некому во срцето, некому во паричникот.

Некој во Европа (ќе) патува со евтини или скапи летови, а некој со мислите.

Сите паметни сакаат во Европа, само будалите уште се инаетат.

Сакаме европски изглед, образование и плата ама уште имаме балкански манири.

Европа ни ја нуди иднината, ние сака(в)ме да се закопаме во минатото.

Туѓото не го сакаме, од нашето се жалиме.

На Запад трошат на екологија.

Ние живееме во ѓубре.

На Запад се вози по автопати.

Ние пропаѓаме во дупки.

На Запад најскапа е органската храна.

Ние фрламе патлиџани и истураме млеко.

На Запад бркаат кариера.

Ние кога и со кого ќе пиеме кафе.

На Запад почитуваат дрес код.

Ние се фалиме со брендови.

На Запад се почитува хиерархија.

Ние се плашиме од шофери и телохранители.

На Запад вработуваат со препораки.

Ние со врски и партиски книшки.

На Запад се тајна платите и политичката определеност.

Ние сме транспарентни.

На Запад богатите се анонимни.

Ние се буткаме во политика и сонуваме за империја.

На Запад имаат престижни кујни.

Ние го имаме ајварот.

Уште еден чекор не дели до Европа и отворени граници.

Од нас зависи дали ќе славиме со локалното или светското.

Добар апетит!