Дино Раѓа и официјално дел од американската „Куќа на славните“


Легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дино Раѓа синоќа и официјално беше примен во американската „Куќа на славните“ во Спрингфилд.

Поранешната ѕвезда на Југопластика, Бостон селтикс, Југославија и Хрватска, по Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002) и Мирко Новосел (2002) е четвртиот хрватски кошаркар кој стана дел од кошаркарската елита.

Раѓа на свеченоста, на која присуствуваше и неговата сопруга и синот, во обраќањето не успеа да ги задржи емоциите и заплака.

Тој им се заблагодари на сите со кои соработувал низ кариерата, но најмногу се осврна на релациите со Тони Кукоч, Дражен Петровиќ и Стојко Вранковиќ.

Неговиот говор неколкупати беше прекинат со громогласен аплауз.

Раѓа во „Куќа на славните“ во воведе поранешната ѕвезда на Бостон селтикс Лери Бирд.