Дигиталните часовници во Европа повторно доцнат

Дигиталните часовиници во Европа кои се синхронизираат преку фреквенцијата на електроенергетската мрежа повторно доцнат, јави Дојче веле.

Часовниците во Европа доцнеа и на почеткот на годинава, а и тогаш, како и сега, причина за ваквата појава е спорот меѓу Србија и Косово околу електродистрибутивните системи.

Поради овој проблем европските оператори во март активираа специјална програма за компензација, која се активира кога фреквенцијата во енергетската мрежа отстапува повеќе од 60 секунди.

Ваквата мерка не е трајно решение, па затоа европската електродистирбутивна унија ЕНТСО-Е се закани со воведување на санкции кон Србија, доколку не го реши проблемот со Косово.

ЕНТСО-Е не наведува за какви санкции станува збор, но потенцира дека тие ќе бидат воведени доколку се увиди оти „постои јасно отсуство на желба за решевање на проблемот“.

Како што наведува Дојче Веле, проблемот се должи на фактот што за разлика од енергетските компании на другите балкански земји, косовската електродистрибуција КОСТТ не е членка на ЕНТСО-Е, затоа што Косово не е признато како нензависна држава од некои членки на ЕУ, како Шпанија и Романија.

Косово е членка на регулаторната зона СММ, во која спаѓаат и Македонија, Србија и Црна Гора. Србија, како најголема земја во СММ зоната, досега одбиваше да ги смири осцилациите во мрежата што доаѓаат од Косово, па тие се пренесуваат и во европскиот систем и предизвикуваат отстапување од стандардната фрекфенција од 50 херци, што резултира и со доцнење на дигиталните часовиници.

– Белград од политички и финансиски причини нема интерес Косово да стане самостојна регулаторна зона. Сега Србите ги земаат парите од продажбата на вишокот струја (од Косово) на Албанија, Македонија или Црна Гора, а таа заработка всушност треба да му припадне на надлежниот оператор, односно на КОСТТ, изјави заменик директорот на меѓународната енергетска заедница „Енерџи комјунити“, Дирк Бушле.