Детали за пожарот кај „Рамстор“: Настрада 25-годишно момче, уште тројца се повредени

Од МВР известуваат дека пожарот се случил поради експлозија на плинска боца, а во несреќата загинало едно момче и уште тројца биле повредени

– На 28.12.2018 година во 12:50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за мотоцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди – велат од МВР.

Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.

Од полицијата потврдуваат дека вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Полицијата работи на целосно расчистување на настанот.