Десетгодишна суспензија за Скендербег од УЕФА и парична казна од 1 милион евра
Албанскиот клуб Скендербег беше казнет со десет години суспензија од страна на УЕФА и ќе биде вон европските натпреварувања.
Поради местење натпревари во европските купови и во албанскиот фудбал, тимот од Корча ја доби најголемата казна во историјата, потврдија албанските медиуми, кои објавија документ во кој се потврдува и паричната казна од 1 милион евра од европската централа.
Скендербег нема да може да игра во натпреварувања на УЕФА во наредните десет години.
Албанскиот клуб има право на жалба во наредните 60 дена.