Девет странски државјанки уапсени во угостителски објект во Тетово


Девет странски државјанки се уапсени рано изутрината во угостителски објект во Тетово, кои при акциска контрола на полицијата се затекнати како со уште две македонски државјанки ги забавувале гостите.

Како што соопшти МВР, полициската акција е спроведена синоќа во еден часот по полноќ во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце.

Во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите,  седум од Србија, две од Албанија и две Македонија.

Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.