Две лица истепале 13-годишно дете во автобус на ЈСП

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 22.20 часот Д.И.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар „Никола Карев“ од страна на две непознати лица физички бил нападнат неговиот 13 годишен син.

Од МВР денеска информираат дека до физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.