Двајца скопјани каснати од кучиња скитници
Двајца скопјани вчера во централното градско подрачје биле нападнати и каснати од кучиња скитници. Нападите биле пријавен во Полициската станица Центар.
Дента околу 12:10 часот, додека се движел на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, Ј.Т. (59) бил каснат за левата нога од куче-скитник. М.Ј. (20), пак, пријавила дека околу 18:00 часот била нападната од три кучиња-скитници на улицата „Стале Попов“, од кои едното ја каснало во пределот на десната надколеница.