Двајца полицајци пукале еден кон друг на аеродром

Двајца полицајци згрижени се во болница, откако денеска пукале еден кон друг на аеродром во централна Турција во градот Кајзери.
Полицијата, по пукотниците, ги зајакна мерките на безбедност на сите терминали за летови во земјата, пренесе Ројтерс.
Како што пренесоа странските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, еден полицаец се обидел да убие друг, а потоа се обидел и да се самоубие.