Дачиќ: На ЕУ не и се допаѓа што укинуваме визи за некои земји

Европската унија не дозволува да ги укинеме визите за некои земји и постојано нѐ притиска да ги повлечеме таквите одлуки, изјави првиот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ. Тој потенцира дека политиката на укинување на визите се покажала правилна и таа ќе продолжи.

– Имаме многу проблеми со ЕУ бидејќи тие не ни дозволуваат да ги укинеме визите на некои земји на кои тие не им ги укинале, па затоа тие се чувствителни, да не речем љубоморни кога ги укинуваме визите на Кина или некои други земји и постојано нѐ притискаат да ја смениме таа одлука, изјави денеска Дачиќ во Белград.

Тој посочи дека бројот на туристи во Србија е зголемен поради укинувањето на визите и оти таа политика е правилна и ќе продолжи.