Дали разводот на Безос ќе биде најскапиот досега?


САД – Лани, основачот и извршен директор на „Амазон“ Безос го победи Бил Гејтс на годишното рангирање на „Форбс“ на милијардерите во светот. Денес „Блумберг“ известува дека нето вредноста на Безос изнесува 137 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот.

Безос беше првата и единствена личност што го одбележа годишното рангирање на милијардери на „Форбс“ со богатство од 12 цифри на негово име.

Техничкиот гигант ја основа интернет-компанијата „Амазон“ кон крајот на 1994 година. Во 2017 година беше откриено дека 64 проценти од домаќинствата во САД се претплатници на „Амазон прајм“, објави „Форбс“.

Вашингтон, каде што живее Безос, е држава во сопственост на заедницата, што значи дека сите средства и долгови настанати за време на бракот се сметаат за подеднаква сопственост на двата брачни партнера, освен ако не постои предбрачен договор кој наведува поинаку. Сè уште не се знае дали двојката има таков предбрачен договор.

Ако тие немаат пребрачен договор, Мекензи ќе има право на половина од 137. милијарди долари на Безос.

Како ќе се рангира разводот на Безос на листата на најскапи разводи?

Разводот на рускиот милијардер Дмитриј Риболовлев од поранешната сопруга се најде на насловните страници како најскапиот развод во историјата откако му беше наредено од швајцарскиот суд да плати повеќе од 4,5 милијарди долари.

Њујорчанката Џоселин Вилденстин добила неверојатна спогодба од 2,5 милијарди долари при разводот со францускиот уметнички агент Алек Вилденстин.
Една од најголемите исплати за развод во Холивуд досега беше меѓу Мел Гибсон и Робин Мур, кои го финализираа разводот по речиси 30 години брак во 2011 година и го поделија богатството од 850 милиони долари на половина, така што Мур доби надомест од вкупно 425 милиони долари.

Во меѓувреме, првиот брак на Стивен Спилберг со актерката Ејми Ирвинг траеше само четири години, но од тој брак произлезе едена од најголемите спогодби во холивудската историја, за која се вели дека изнесува околу 100 милиони долари.

Разводот на кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан во 2006 година со поранешната сопруга по 17 години брак, Хунита Џордан, беше финализиран така што таа замина со 168 милиони долари.

Мадона при разводот наводно му исплатила на актерот Гај Ричи спогодба помеѓу 76 и 92 милиони долари. Исто така, музичарот Нил Дијамонд се разведе од поранешната сопруга Марсија Марфи во 1994 година. Марфи излезе од разводот со 150 милиони долари – половина од неговото богатство – според извештајот на „Форбс“.
Меѓу другите јавни разводи на славни личности беше и разделбата на Харисон Форд со поранешната сопруга Мелиса Матисон во 2004 година. Разводот дојде по 21 година брак и Матисон замина со голем дел од приходите на Форд по нивната населба – 85 милиони долари, според „Форбс“.