Гутереш: За ОН, Косово не е држава

Српската премеирка Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во Њујорк на маргините на заседанието на Генералното собрание на Светската организација, се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Како што соопшти српската Влада, Гутереш во разговорот истакнал дека „за Обединетите нации, Косово не е држава“, додавајќи дека ОН ќе го поддржат можниот договор на Белград и Приштина за Косово.

Брнабиќ на средбата истакнала дека „Србија е посветена на наоѓањето на решение за Косово и дека Белград не сака замрзнат конфликт“, додавајќи дека српскиот претседателот Александар Вучиќ го предводи дијалогот со Приштина, а шефот на дипломатијата Дачиќ активно работи на светот да му пренесе порака „што се Србија има направено на ова поле“.