Грчките спасувачи немале навремена информација дека планинарите се изгубени

Во ексклузивниот разговор за „Нова Македонија“, директорот на ски-центарот „Ворас“ Танос Панајотопулос открива нови детали околу акцијата за пронаоѓање на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

Според Танос Панајотопулос, клучно за акцијата за спасување било времето меѓу 11.30 и 13.30 часот, кога македонските планинари сами ги барале своите исчезнати колеги. Исто така, тој истакнува дека грчките спасувачи немале информација дека планинарите се изгубени уште во 11.30 часот и дека оваа, за него, исклучително важна и пресудна информација ја добиле дури во 16.30 часот, со што што акцијата за спасување би имала сосема поинаков тек.

– Ние разбравме околу 16.30 – 17 часот попладне дека тие самите ги барале од 11.30 ч. Не ни рекоа „ги изгубивме во единаесет и пол часот“. Тие ни кажаа во 13.30 ч. дека исчезнале две лица, и дека не ги нашле. Но, тогаш не ни кажаа дека ги загубиле уште од 11.30 часот. Тоа ни го соопштија како информација околу 16.30 часот. Многу се разочаравме кога го разбравме тоа, бидејќи да го знаевме тоа тогаш (во 13.30 ч.), немаше да има потреба да бараме по цела планина, вели директорот на ски-центарот „Ворас“.

Целиот текст можете да да го прочитате ТУКА