Група од 30 радикални десничари физички нападнаа пратеник на СИРИЗА

Група од околу 30 лица, радикални десничари, како што самиот тврди, го нападнале пратеникот на СИРИЗА Петрос Констандинеас, пред стадионот во грчкиот град Каламата, кусо пред почеток на фудбалски натпревар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според нивните информации, пратеникот на СИРЗИА по нападот, синоќа, бил пренесен во болница со полесни повреди, а за АНА-МПА изјавил дека за среќа со него не бил и неговиот син. Тој додаде и дека фашизмот нема да помине.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, нападот го осудија сите политички сили во Грција.

Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение коментираат дека фашистите кои го нападнаа пратеникот ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за постапките.

Според грчката новинска агенција, полицијата привела пет лица, а истрагата за нападот е во тек.