Груевски: Не сакав да предизвикам инцидент со Џафери


Експремиерот и пратеник Никола Груевски изјави дека не сакал да предизвика инцидент во Собранието кога се носеше законот за употреба на јазиците.

-Воопшто не ми беше целта да предизвикам инцидент, туку јасно и гласно да покажам дека не се согласувам со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците – рече Груевски.

Тој рече дека само одмавнал со раката кон спикерот Талат Џафери во моментот кога тој го допрел и дека ништо повеќе од тоа не се случило. Груевски побара Џафери да ѝ се извини и на јавноста поради, како што рече, шверцерското донесување закон кое ги засега албанските граѓани.