Грабар-Китаровиќ: Хрватска и пружа рака на Србија за соработка

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Хрватска и пружа рака на Србија за мир и соработка и изрази надеж дека во таа земја има искрени соговорници.

Грабар-Китаровиќ рече дека „Хрватска беше и ќе биде фактор на мирот и соработката со сите кои тоа го сакаат“.

– Наоѓајќи се во близина на границата со Република Србија, ние и денес им пружаме рака на нашите соседи за мир и соработка, со надеж дека во Србија имаме искрен соговорник во процесот на изнаоѓање одговор на отворените билатерални прашања, како и за соработка во сите други прашања и во новите предизвици во иднина, рече Грабар – Китаровиќ.

Хрватската претседателка рече дека ја поддржува европската интеграција на сите држави на Југоисточна Европа и дека сака унапредување на меѓусоседските односи.

Таа додаде дека некои од тие односи и натаму се „оптоварени со сеќавања и трауми од војната кои треба да се залечат со искрена соработка и отворен дијало