Грабар-Китаровиќ завршила на инфузија

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во средината на јануари повеќепати била да прими инфузија во Клиничкиот болнички центар „Милосрдни сестри“

Во неделата таа била на прегледна во приватна клиника за радиохирургија во Загреб, изјави портпаролката на хрватската претседателка, Ивана Црниќ.

Таа за загрепски „Вечерњи лист“ рече дека Грабар-Китаровиќ добила инфузија за да може да работи со вироза и да отпатува за Турција во официјална посета.

Кога станува збор за преглед во приватна клиника, која е специјализирана за дијагностицирање и лекување рак со радиотерапија и радиохирургија, Црниќ објаснува дека претседателката ги извршила редовни и превентивни прегледи.