Го излажале дека имаат проблем со гумата и од автомобилот му украле 70 илјади евра


Измамувајќи го дека има проблем со една од гумите од неговиот автомобил, две непознати лица на 56-годишниот З.В. од Србија му украле 70.000 евра, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 07,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.В.(56) од Р.Србија пријавил дека на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа Миладиновци го застанале две непознати лица со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со шведски национални ознаки, покажувајќи му дека неговото возило имало проблем со гумата.

 Откако пријавителот застанал и додека барал клуч за гумата искористувајќи ја приликата лицата му одзеле една торба во која имал лични документи и 70.000 евра по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.