Гостиварец фатен при кражба во маркет во Врапчиште

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар синоќа околу 21 часот, од слобода го лишиле Н.И.(34) с.Дебреше-гостиварско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во мини-маркет во с.Врапчиште.

Како што соопшти МВР, приведениот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, одзел одредена сума на пари, но набргу бил фатен и задржан во полициската станица.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.