В понеделник во Турција средба меѓу Ердоган, Вучиќ и Изетбеговиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ в понеделник ќе отпатуваат во Турција на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган.

Посета на Вучиќ и Изетбеговиќ на Турција ја потврди портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, кој престојува во посета на БиХ.

Калин во Сараево изјави дека Турција сака да ги зголеми инвестициите во регионот на Западниот Балкан и да ги подобри билатералните односи со земјите од регионт, кои се и онала добри.

Тој потсети дека Турција и Србија имаат потпишано над 20 договри и дека состанокот ќе биде можност да се разговара и за изградба на автопатот Сараево-Белград.

Калин истакна дека трајниот мир и стабилноста на Балканот имаат големо значење и дека Турција „не сака да гледа какви било етнички тензии“.

Според него, турската Влада е во постојан контакт со државниците на сите земји во регионот, со цел да помогне во зачувувањето на мирот и стабилноста.