Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин

Претседателот на Србија Оливер Ивановиќ изјави денеска дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин.

– За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност.
Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите на Србија да учествуваат во истрагата за убиството, јави Танјуг.
– Ќе ги пронајдеме убијците или убиецот, тоа утрово и го ветив на сопругата на Оливер Ивановиќ, изјави Вучиќ.
Вучиќ потврди дека делегацијата на Србија во Брисел ги прекинала разговорите во рамки на дијалогот со Косово бидејќи е бесмислено да се разговара со секојдневни закани.
Тој му порача на Кадри Вејсели, кого го нарече „господарот на Косово“ дека нема да стигне до Ниш како што се заканувал.
– Тешко е да се зборува за нешто ако имате секојдневни закани, каде оној кој е вистински господар со Косово, а тоа не се Тачи ниту Харадинај, туку е Кадри Вејсели, и кој зборува дека Албанците нема да се запрат до Ниш, изјави Вучиќ.
– Добро ги разбравме тие закани како и молчењето на оние кои истата секунда требаше да реагираат, додаде Вучиќ.
– А тоа дека доаѓаат со војска нека го заборават, нагласи тој.