Вучиќ: Воведување воен рок ќе ја чини државата меѓу 90 и 100 милиони евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека воведувањето на обврзен воен рок од три месеци според негови процеки, ќе ја чини државата меѓу 90 милиони и 100 милиони евра.

Тој рече дека проценките на поранешниот министер за одбрана за 600 милиони евра се однесувале за рок од една година.

– Тоа значи дека за половина година според таа пресметка ќе чини 300 милиони евра, а за три месеци 150 милиони евра. Ние пресметуваме дека за три месеци тоа би чинело меѓу 90 и 100 милиони евра, изјави Вучиќ.