Во центарот на Приштина поставени билборди со благодарност до Харадинај

Во центарот на Приштина поставени се билборди со благодарност за премиерот Рамуш Харадинај поради неговата одлука да воведе такси од 100 отсто на стоката која се убезува од Србија и БиХ во Косово.

На билбордите, за кои не се знае кој ги поставил, пишува „Денес сме 100 отсто држава – благодариме премиеру“, пренесува Коха.нет.