Во Хрватска лани родени најмалку деца во последните 100 години

Во текот на 2017 година во Хрватска се родени најмалку деца во последните 100 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Експертите предупредуваат дека иселувањето е една од главните причини за падот на наталитетот. деца и натаму се раѓаат, но надвор од Хрватска. Од 2006 до 2016 година, бројот на жени во Хрватска на возраст од 25 до 35 години е намален за речиси седум отсто.

Минатата година во таа земја се родени само 36.647 бебињеа, што речиси 900 помалку отколку годината претходно. Тоа е првпат од осамостојувањето на Хрватска бројот на новородени да е под 37 илјади.

Најголем број новородени во текот на послендите 15 години во Хрватска се евидентирани со 2008 и 2009 година, кога бројката изнесуваше околу 44.000 бебиња.