(ВО ЖИВО) Името не го даваат: Илјадници Грци се собраа на протестот во Солун

Во моментов во центарот на Солун се одржува најавениот голем протест за заштита на името Македонија.

Грчкиот град денеска живее во ритамот на демонстрациите, со зголемено полициско присуство и поради протестот, но и поради контрапротестот што го организираат анархистички и левичарско ориентирани организации.

Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат поддршка, меѓудругото, и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараат да не се користи терминот „Македонија“ во името на нашата земја.