Во Албанија прогласени двајца руски дипломати за непожелни

Албанија денеска прогласи двајца руски дипломати како непожелни со образложение дека нивните активности во земјата не одговараат на пријавениот дипломатски статус.

Рускиот амбасадор во Албанија, Александар Карпушин денеска беше повикан во албанското Министерство за надворешни работи, при што му било најавено прогласувањето на двајцата руски дипломати за непожелни.

Потегот на албанското МНР е во момент на глобалната координирана акција на протерување на руски дипломати поради труењето на Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија, кои на беа нападнати со нервен гас во Солсбери. Нивната состојба е и понатаму критична.