Внатрешната контрола на МВР го испитува инцидентот во „Подгорски ан“
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го истражува инцидентот кој се случи во петокот во угостителскиот локал „Подгорски ан“, во близина на Колешинските водопади, бидејќи во инцидентот се инволвирани нивни вработени.
Како што ексклузивно дознава правосудство.мк вработените во СВКПС ги прегледале снимките од безбедносните камери на објетотот и сега е можно да очекуват санкции учесниците во тепачката, а доколку се докаже и инволвираност на поранешниот министер за внатрешни работи и директротот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и за него може да следи соодветна претставка.
Според сознанијата на правосудство.мк, од досегашниот тек на истрагата било утврдено дека Чавков, во мотелот и етно ресторан „Подгорски ан“, бил во друштво на Викторија Калапоцева, негова доскорешна советничка и пријателка, Ѓорги Божинов, поранешен началник на СВР Струмица, Васил Тодоров, поранешен началниик на крим-полиција во Струмица, Васко Ангелов од село Еднокуќево, за кого се говори дека минува низ крим-евиденцијата на МВР, но дека е под заштита и лицето Ване, кое што му е личен телохранител на осомничениот Митко Чавков и за кое се знае дека порано бил припадник на Единивата за брзо распоредување, каде е сѐ уште неговата сестра.