Влатко Стефановски прозборе за хрватска „Глорија“: Две семејни трагедии во една година


Пред утрешниот концерт во Загреб, легендарниот гитарист Влатко Стефановски (61) за новиот број на магазинот „Глорија“ открива што му дава сила по две големи трагедии во семејството.

Стефановски во годинава што изминува се соочи со две, за него, необјасниви губитоци- му починаа сопругата Гордана и братот Горан Стефановски, а утеха, како и многупати досега, пронајде во музиката.

Сопругата Гордана која му беше животен партнер и најголема поддршка во изминативе 30 години, почина лани од последица на тешка болест. И покрај ударот на судбината, морал да остане цврст заради децата- ќерката Ана (30) која на универзитетот во Падова, Италија, завршува докторски студии по италијански јазик и литература, и синот Јан (18), матурант.

Не стигна да се опорави од таа загуба, кога доживеа нова. За изненадната смрт на четири години постариот брат Горан, дознал во текот на првата турнеја низ Австралија: драматургот Горан Стефановски, кој живеел и е кремиран во Кентбери, Англија, ја изгуби битката со туморот , на 65 години. Неговата пепел, по негова желба, ќе биде истурен во Охридското езеро. Влатко Стефановски оттогаш не објави ниту една фотографија и статус на социјалните мрежи, него се повлекол во себе, бидејќи болката не сака да ја дели со другите, пренесува „Глорија“.