Косовската Влада му дозволи на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети Косово за време на викендот.
Веста ја потврди Јетлир Зиберај, советник и шеф на кабинетот на првиот потпретседател на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли.
– Врз основа на барањето на Претседателот на Србија до нашите институции за посета на Косово, ние дозволивме. Очекуваме да се однесува добро и да ги почитува правилата на однесување согласно дозволата, за време на престојот на Косово, изјави Зиберај.
Претседателот Вучиќ вчера најави дека планира в сабота и недела да престојува во северниот и централниот дел на Косово.
Посетата на Вучиќ следува по вчерашното убиство на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ.