(Видео) Стела Мекартни ја подига свеста за ракот на дојка: Дизајнирав компресивни градници
Англија– Славната дизајнерка Стела Макартни ја промовираше „Стела Макартни се грижи“ – добротворна организација регистрирана во Велика Британија, која се вклучува во светската кампања за борба птротив ракот на дојка.
Мекартни веќе долго време ја поддржува борбата против рак на дојка; нејзината мајка Линда Макартни почина од оваа болест во 1998 година. Првата иницијатива на платформата ќе биде донација од 1.000 компресивни градници за пост-оперативна мастектомија за жени кои се подложени на третман на рак на дојка. Градникот може да се побара на stellamccartneycares.org/pink.
„Тоа е причина која е многу значајна за мене, а причината што го дизајнирав градникот „Луиз листенинг“ е моето искуство, гледајќи мој љубен што поминува низ таква трауматизирачка операција, односно мастектомија”, рече Макартни. „Открив дека градници по мастектомија достапни во тоа време биле само уште еден момент во кој пациентките со рак на дојка ја изгубиле женственоста и го загубиле чувството за тоа како е да се биде жена. Сакав да создадам производ кој навистина е сè уште убав и сѐ уште женствен и сѐ уште ја слави моќта на жената”.
Градникот „Луиз листенинг“ беше воведен во 2015 година, а верзијата од 2018 година е модифицирана за да вклучува меки внатрешни џебови за употреба со протеза, широки прилагодливи ремени и проширен опсег од мали до екстра големи величини. „Стела Макартни се грижи“ ќе се фокусира на градење врски со болници, добротворни организации и центри за поддршка посветени на ракот на дојка.
Како поддршка на лансирањето на вебсајтот stellamccartneycares.org, Макартни објави краток филм за информирање за ракот на дојка наречен „Сѐ е љубов” во кој гостува холивудскиот актер Идриз Елба. Софија Вергара е заштитното лице на ограниченото годишно издание на долна облека на Макартни за подигнување на свеста за рак на дојка.