(ВИДЕО) Русинка сними песна за Колинда: „Ќе се мазиме на дождот“

По прославата на Светското фудбалско првенство во Русија, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изгледа доби голема популарност во Русија. Очигледно, хрватската претседателка оставила голем впечаток на руската музичарка Алина Захарова, па решила да ја опее во песна.

– Нежно ќе се мазиме на дождот – пее Алина, а јасно е зошто за овие стихови се користени слики на Колинда од Москва, каде што се прегрнува со францускиот претседател Емануел Макрон.

Алина вели дека е воодушевена од Колинда и дека таа деновите ѝ ги претвора во празници.

– Без Колинда, не можеме да направиме пауза, многу те сакаме, многу чекаме – пее Алина.

Пејачката очигледно сака да постигне успех надвор од Русија, или барем во Хрватска, па песната ја преведе со титл на хрватски јазик, но не многу добро.