(Видео) Повредени работници при експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора

Експлозија се случи во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац, Црна Гора. Во експлозијата со сериозно повреди се здобиле две лица.

Според неофицијални информации што ги објави порталот ЦДМ, експлозијата се случила во момент кога се запалила мешавина која се употребува за производство на експлозив.

Повредените се префрлени од Здравствен дом Мојковац, а оттаму со хеликоптер веднаш биле пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Директорот на Центарот за вонредни состојби, Нермин Абдиќ, за ЦДМ изјави дека повредените се животно загрозени.