(ВИДЕО) Колинда пак е хит: Ѝ ја поправи фризурата на новинарката

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ повторно го привлече вниманието на целиот регион преку социјалните мрежи. Овој пат затоа што ѝ ја поправаше фризурата на новинарка на ХРТ.

Грабар-Китаровиќ, подготвувајќи се за вклучување во програмата на ХРТ од Њујорк, каде што престојува заради заседанието на Генералното собрание на ОН, на новинарката на хрватскиот јавен сервис ѝ помогна да си ја поправи фризурата.

Снимката не беше емитувана директно на ХРТ, но беше објавена на Твитер.