Видео: Колинда Грабар-Китаровиќ славеше во соблекувалната на фудбалерите


Хрватска до зори ја славеше победата на своите фудбалери, кои по пенал-рулетот со Данска (1-1, 3-2), изборија пласман меѓу осумте најдобри на Светското првенство во Русија. Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ допатува во Нижњи Новгород и во живо го следеше мечот, а потоа влезе во соблекувалната на фудбалерите и ги прегрнуваше, благодарејќи им за големиот успех.

Во сабота од 20 часот, Хрватска ќе игра против Русија за влез во полуфиналето од Мундијалот.