(ВИДЕО) Во Њујорк билборди со честитки за годишнината од независноста на Косово

По повод 11-годишнината од независноста на Косово, властите во Приштина добија честитка од Њујорк. Пораките со честитки беа поставени на шест билборди закупени од локална албанска компанија.

Компанијата „Фреш алб“, која во САД и Канада испорачува храна од Балканот, вчера на Јутјуб објави видео на кое ги прикажува закупените билборди со натпис на англиски: „’Фреш алб’ му посакува на Косово среќен Ден на независноста“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите на безбедносната конференција во Минхен изјави дека албанската дијаспора во Њујорк е голема и дека финансира лобирање во корист на Косово.