(ВИДЕО/ФОТО) Детали за несреќата во која загина Шабан Шаулиќ

Шабан Шаулиќ (67) загина во сообраќајна несреќа во близина на градот Билефелд во Германија.

Според медиумите, несреќата ја предизвикал пијан возач кој се забил во автомобилот во кој како совозач патувал пејачот. Несреќата се случила вчера утрото, додека Шаулиќ го превезувале кон аеродромот. Во автомобилот имало уште две лица кои исто така се потешко повредени.

Германските медиумите пренесоа дека несреќата се случила на автопатот А2 во правец кон Дортмунд.
Според нивните написи во кои се повикуваат на полициски извори, се вели дека пијан маж на возраст од 34 години управувал возило „мазда“ и со него се забил во „сеат ибица“ во која се наоѓале тројца мажи. Според тамошните медиуми, Шаулиќ им подлегнал на повредите во болница.

Тимовите од Итната помош за несреќата биле информирани во 06:50 наутро. До 9:30 часот патот бил непрооден бидејќи пожарникарите два часа ги ваделе четирите повредени лица од автомобилот.

Во тек е истрага за несреќата, но, според првичните информации, се претпоставува дека возачот (34), кој ја предизвикал несреќата и удрил во автомобилот во кој бил Шабан Шаулиќ, бил во алкохолна состојба и возел без возачка дозвола.