Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е мошне лошо

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис смета дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо.

Тој за грчката агенција АНА-МПА посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот.

– Кога ќе одиш да решиш еден проблем, треба да ги видиш аспектите на сите инволвирани, рече Бутарис и додаде дека треба да биде ставен крај на иредентистичките тензии во односите со Скопје.

– Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени, додаде тој.

Во врска со протестот во Солун против користење на терминот Македонија во решението за името, што се одржа во неделаата, и во кој учество земаа околу 90 илјади лица, Бутарис смета дека таа појава воопшто не им помогнала на преговорите и не го решила проблемот.

– Несомнено митингот беше грандиозен и впечатлив, рече тој и додаде дека го гледал на телевизија.

– Разочаран сум што 25 години не преземање ништо не не натераа да размислуваме поинаку, рече Бутарис.