Бугарки краделе во Тетово

Три бугарски државјанки биле приведени од полицијата како осомничени дека се сторителки на три кривични дела „кражби“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци С.С.(25) и две малолетнички на возраст од 15 и 16 години на почетокот од август дошле во Тетово од Скопје, а кражбите ги извршиле во август и септември.

– Трите бугарски државјанки влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта. Во еден случај кражбата ја извеле на тротоар на тој начин што додека оштетената минувала покрај нив тие незабележително и го оделе паричникот од чантата. Од кражбите пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 216.000 денари, рече Јосифовски.

За сите случаи полицијата против бугарските државјанки поднела и кривични пријави за три кривични дела „кражби“.