Брнабиќ се отвори за Си-ен-ен: Раскажа како е да се биде геј на Балканот

Српската премиерка Ана Брнабиќ беше гостинка на Си-ен-ен, каде што зборуваше за тоа како е да се биде ЛГБТ-премиерка и со каков вид предрасуди морала да се бори во текот младоста во Србија.

Таа нагласи дека била многу среќна бидејќи имала поддршка од семејството и од пријателите.

„Растењето во Србија за мене беше исто како да растев на кое било друго место. Можеби јас не сум најдобрата личност да зборува за тоа, но повторно, ако знаеш кој си, ако знаеш како да се носиш со тоа, тогаш и другите луѓе те прифатат“, рече таа.

Брнабиќ истакна дека ако како жена, која е лезбејка и премиер, му помогнала некому во Србија и во регионот да се чувствувате подобро, тогаш направила многу.

Новинарот Фарид Захарија праша дали во политиката се сретнала со луѓе со предрасуди, на што Брнабиќ одговори дека се сретнала со негативни коментари, но нагласи дека имала поддршката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Тој ме поддржуваше, без таква поддршка нема да станам премиер. Имавме спротивставени мислења со верските заедници, опозициските партии, но исто така и со оние што ја поддржуваат владата и кои не гласаа за мене поради мојата сексуална ориентација“, рече таа.

Интервјуто на Ana Брнабиќ со новинарот Фарид Захарија можете да го погледнете на следниов линк.