Босанец обвинет за воени злосторства изврши самоубиство

Миќо Праштало, наречен Кудра, кој е обвинет за воени злосторства на подрачјето на Клуч и Сански Мост, изврши самоубиство во близина на Сански Мост, објави бањалучкиот весник „Независне новине“.

Весникот објави дека Праштало (74), најверојатно, синоќа пукал во себе од ловечки пушка.

Полицијата во Унско-Санскиот кантон потврди дека во областа Раданово, во близина на Сански Мост, го пронашла безживотното тело на Праштало и дека, според досегашните резултати од истрагата, станува збор за самоубиство.

Праштало пред една е уапсен од страна на државната агенција СИПА под сомнение дека извршил воени злосторства.

Судот во јануари оваа година го потврди обвинението со кое се товари дека од мај до септември 1992 година учествувал во сеопфатен и систематски напад на Армијата на РС, врз припадниците на Територијалната одбрана и на милицијата на цивилното население од муслиманска и хрватска националност во областа на општините Сански Мост и Клуч.

Судењето на Праштало започна во мај, а тој е со мерки за безбедност е пуштен да се брани од слобода.